Каде си ти во целиот процес?

Дали се чувствуваш како постојано да се вртиш во ист круг?
Обврските стануваат сè поголеми, а времето за себе, сè помалку достапно.

Иако си во постојана акција и постигнуваш резултати, тие не те исполнуваат целосно.
Можеби чувствуваш тивка празнина и мисла дека е време нешто да се промени.

Ако се пронаоѓаш во ова, менторството 1 на 1 е простор каде можеш да застанеш, да се ослободиш од вревата и да пронајдеш јасен и позитивен правец.

Како изгледа процесот

Менторство 1 на 1

Резервација

Најпрво го избираш менторот со кој чувствуваш дека сакаш да работиш и кој најмногу одговара на твојата ситуација.

Со уплата на аванс ја обезбедуваш твојата сесија, а потоа добиваш персонализирана агенда подготвена со внимание, според твоите потреби и насоката во која сакаш да се движиш.

Менторство 1 на 1

Подготовка

Ги добиваш сите потребни информации однапред, потврда за терминот, персонализирана агенда и јасни насоки за подготовка.

Ова ти овозможува да влезеш смирено, фокусирано и подготвено во процесот, со јасна слика за тоа што следи.

Менторство 1 на 1

Менторска сесија

Менторската сесија е посветен простор за 1 на 1 работа, каде што се фокусираме на твојата ситуација, предизвици и потенцијал.

Со јасна структура и насока, доаѓаме до конкретни и применливи следни чекори.

Менторски Тим

Сашо Пандилов

Сашо Пандилов

Креатор на методологијата и Ментор
Ментор и визионер кој стои зад развојот на пристапот на Незапирливи, со фокус на откривање и насочување на потенцијалот кај поединци и тимови.
Сашо Илиев

Сашо Илиев

Ментор
Ментор со фокус на стратегија, насочување и практична примена на знаењето во реални ситуации.

Најчесто поставувани прашања

Како да резервирам менторска сесија?

Најпрво го избираш менторот со кој сакаш да работиш.

Потоа, со уплата на аванс ја обезбедуваш твојата сесија и добиваш персонализирана агенда, подготвена според твоите потреби.

Како изгледа самата средба?

Средбите се одржуваат во простор избран од менторот, во пријатна и фокусирана атмосфера.

Вклучено е кафе или освежување, а фокусот е на конкретни резултати и насоки.

Што добивам од првата сесија?

На првата средба добиваш јасност за твојата моментална состојба, помош во дефинирање на цели и конкретна насока за следните чекори.

Како продолжува процесот по првата средба?

Следните сесии се насочени кон продлабочување на процесот, работа на конкретни предизвици и следење на твојот напредок, со цел постојана оптимизација и развој.

Што ако не сум сигурен/на дали ова е за мене?

Ова е сосема нормално чувство.

Менторската сесија е простор каде не мора да ги имаш сите одговори, доволно е да имаш желба да разбереш каде си и каде сакаш да одиш.

Процесот започнува токму од таму каде што си ти во моментот.

Дали има нешто што треба да знам пред да резервирам?

Агендата се добива по уплата на аванс, а без аванс не се испраќа.

Доколку терминот не ти одговара, може да се предложи нов.

Првите сесии се достапни по промотивна цена со попуст од 50–70%.